Турскиот весник „Милиет“ пишува дека претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во следните неколку дена ќе пристигне во Турција.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган не губи надеж за враќање на Анкара во статус на главен посредник меѓу Русија и Украина.
На претстојниот состанок, Ердоган ќе разговара со рускиот лидер за заживување на договорот за жито, што се надева дека може да биде чекор кон решавање на руско-украинскиот конфликт.
Доколку претседателот на Руската Федерација навистина ја посети Турција, тоа ќе биде негова прва посета на земја членка на НАТО од 24 февруари 2022 година.
Ова воедно ќе биде негово прво патување во странство по издавањето на налогот за негово апсење од страна на Меѓународниот кривичен суд во март 2023 година.
Да потсетиме, рускиот претседател, на барање на Јужна Африка, минатиот месец не присуствуваше на Самитот на земјите од БРИКС што се одржа во таа земја.