Ниту еден висок функционер од Турција не го пречека американскиот државен секретар Ентони Блинкен на аеродромот во Анкара, коментираат турските медиуми. Блинкен треба да се сретне и да зборува за војната во Газа со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.
Наместо високи функционери Блинкен го пречекаа американскиот амбасадор во Анкара, заменик-гувернерот на Анкара Намик Кемал Назли и генералниот директор за билатерални политички прашања за Америка при турското МНР.
На патот кон регионот кајшто Блинкен ќе се сретне со турскиот шеф на дипломатијата, граѓаните од Турција на мост поставија слики од Абу Убејде, портпаролот на бригадите Изедин Ал Касам, поврзани со милитантната група Хамас која војува во Израел.