More

    Ердоган му порача дека ќе одговара за воени злосторства

    spot_img

    Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека ги прекинува сите контакти со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради израелските напади врз Појасот Газа, пренесе агенцијата Анадолија.

    – Нетанјаху повеќе не е некој со кој можеме да разговараме. Турција го „пречкрта“ и ќе направи сѐ за да го изведе израелското кршење на човековите права и воените злосторства пред Меѓународниот кривичен суд –  изјави вчера Ердоган пред новинарите во претседателскиот авион кој се враќал од Казахстан.

    Тој рече дека Нетанјаху ја изгубил поддршката од израелските граѓани и дека сака да добие поддршка за масакри преку верска реторика. Ердоган истакна дека „нема друга земја чија армија се однесува со таква нечовечност“, алудирајќи на одмаздничките мерки на Израел во Појасот Газа по нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври, при што загинаа 1.400 луѓе на израелска страна, главно цивили.

    „За што зборува Тора?“, рече Ердоган во врска со неодамнешните забелешки на Нетанјаху за Амалек, античката нација опишана во светата книга како непоколеблив непријател на Израелците.

    „Зарем Десетте заповеди не вклучуваат ‘Не убивај’ како наредба?“, праша тој.

    Ердоган обвини дека израелската администрација систематски ги узурпира домовите, улиците, работните места и просторите за живеење на Палестинците и дека не им дава право на живот.

    – Окупацијата стана широко распространета откако напаѓачите кои тие ги нарекуваат ‘доселеници’ беа сместени во домовите на Палестинците. Тие сакаат да ги оправдаат воените злосторства извршени од израелската армија со религиозна реторика  – рече Ердоган.

    Ердоган, исто така, рече дека Анкара „е подготвена да дејствува како земја гарант за Газа“ по судирите, повторувајќи ја поддршката на Турција за народот во Газа во услови на тековната агресија на Израел.

    Турција го отповика својот амбасадор во Израел на консултации поради одбивањето на Израел да се согласи на прекин на огнот во Газа.

    Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Сакир Озкан Торунлар бил отповикан „со оглед на хуманитарната трагедија во Газа предизвикана од континуираните напади на Израел против цивили и одбивањето на Израел (да прифати) прекин на огнот“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img