На социјалните медиуми кружи снимка на која се гледа како турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, му удира шлаканица на момченце бидејќи не му ја бакнува раката, нешто што предизвика бурни реакции.
Инцидентот се случи за време на церемонијата на доделување на куќите кои се обновени како дел од урбаната трансформација во северната провинција Ризе.
По говорот, Ердоган им ги предаде клучевите од куќите на сопствениците.
На видеото се гледа како две деца од едно семејство излегоа на сцената пред нивните родители. Ердоган им ја подаде раката на децата за да му ја бакнат. Кога малото момче застанува неколку секунди и само гледа во претседателот, тој му удрира шлаканица за да го потсети да му ја бакне раката.
Бакнувањето рака на постарите е традиционален обичај во Турција и изразува почит кон возрасната личност.
Претходно турскиот претседател беше на инаугурација и на шега повторно удри по глава мало момче кое мавташе со лентата.