Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги обвини санкциите кон Русија за енергетската криза во Европа, пренесе Бета.
– Европа го жнее тоа што го посеа. Односот на Европа кон Владимир Путин и санкциите го наведоа, сакале или не, да каже: „Ако го направите тоа, јас ќе го направам ова – рече турскиот претседателот на прес-конференција во Анкара.
– Путин ги користи сите средства и оружје со кои располага, пред сè природниот гас. Ние не го сакаме тоа, но мислам дека Европа оваа зима ќе има сериозни проблеми – додаде Ердоган.
Тој исто така рече дека Турција „нема да има такви проблеми“.
Кремљ вчера соопшти дека прекинот на испораката на руски гас за Германија преку стратешкиот гасовод Северен тек е само вина на Западот бидејќи санкциите против Русија го спречуваат, како што тврди Москва, одржувањето на гасната инфраструктура, потсетува Бета.