More

    Ердоган ја добива зделката за авионите со Бајден

    spot_img

    Конгресот да ја одобри продажбата на воени авиони Ф-16 на Труција „без одлагање“, известил во писмо до највисоките членови на комисии на Сенатот и Претставничкиот дом американскиот претседател Џо Бајден, информираше американски претставник.

    Ројтерс пишува дека зделката за авионите вкупно вреди 20 милијарди долари, според четири неименувани извори кои се запознаени со содржината на писмото на Бајден. Плусинфо пишуваше дека Ердоган уште минатата година ги побарал авионите за Турција како еден од условите за ратификацијата на кандидатурата за членство на Шведска во НАТО.

    Лани во јули медиумите пишуваа дека се работи за 40 авиони Ф-16. Ројтерс пишува дека во пакетот е предвидена и опрема за модернизација.

    Турскиот парламент во вторникот ја изгласа ратификацијата и во моментот Шведска чека ратификација од Унгарија со која треба да заврши процесот.

    Одложувањето на Турција во одобрувањето на ратификацијата беше главна пречка за добивање одобрение од Конгресот за договорот за борбени авиони. Американските пратеници рекоа дека чекаат одобрение од Турција за членството на Шведска во НАТО, вклучително и потписот на претседателот Тајип Ердоган, пред да одлучат дали да ја одобрат продажбата.

    Иако ратификацијата е изгласа се чека Ердоган да го потпише законот кој потоа ќе биде објавен во Службениот весник на Турција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img