More

    Ердоган и нареди на владата во Анкара да почне со градежните работи на „гасниот јазол” во Туркије

    spot_img

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и нареди на владата во Анкара да почне со градежните работи на „гасниот јазол” во Туркије, објавија денеска турските медиуми.

    Изградбата треба да почне по предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за извоз на рускиот гас во Европа.

    – Заедно со претседателот Путин дадовме наредба на нашето Министерство за енергетика и надлежната институција во Русија да изведување на заедничкиот потфат – изјави Ердоган на враќање од Казахстан, каде што се сретна со рускиот претседател.

    За време на состанокот со Ердоган во Астана, Путин предложи создавање гасен јазол во Туркије за снабдување на Европа со руски гас.

    Тој кажа и дека маршрутата низ Туркије се покажала како најсигурен начин за испорака на гасот до Европската унија во време кога руските испораки на ЕУ се погодени од санкции и протекувањето на гасоводите „Северен тек 1 и 2″.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img