Грција ја предупреди Туркије дека е премината горната граница на трпението поради постојаните провокации, кои вклучуваат прелети со борбени авиони и барања за демилитаризација на грчките острови.
– Ќе направиме сè што е потребно за ги одбраниме и заштитиме нашите суверени права. Опасно се приближуваме кон крајот на нашето трпение – вели грчкиот министер за одбрана, Никос Панајотопулус.
Говорејќи на годишната конференција за безбедност – ГЛОБСЕК, одржана во Братислава, министерот ја изрази фрустрацијата на Грција во односите со Туркије, наводно сојузничка земја од НАТО.
– Се чувствуваме чудно во ситуација кога нашиот сојузник ни се заканува со војна, доколку го искористиме нашето законско право, согласно со меѓународното право, а тоа е да ги прошириме нашите територијални води за 10 километри. Не сакам да имам такви сојузници. Ако Ердоган мисли дека нема да го бранам суверинитетот и правото на Грција и дека нема тогаш тој погрешил – додаде Панајотопулус.