Ербас го собори рекордот: Нејзиниот дрон бил во воздух 26 дена

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„Ербас“ го собори сопствениот рекорд за најдолг лет на беспилотно летало откако „Зефир С“ со соларна енергија помина 26 дена непрекинато во воздух, соборувајќи го рекордот поставен во 2018 година.

Дронот лета високо во атмосферата за да избегне комерцијален воздушен сообраќај и лошо време, наведува Би-Би-Си.

Авионот има вградени батерии кои го држат во воздух преку ноќ, што значи дека не мора да застане за да се наполни.

Записите од летот покажуваат дека авионот летал од полигон во Аризона до Белизе во Централна Америка и назад.

Би-би-си јавува дека Ербас не сакал да коментира за летот.

Share This Article