More

    Ер Србија воведе редовна линија меѓу Белград и Будимпешта

    spot_img

    Компанијата „Ер Србија“ денеска објави дека воспоставила нова редовна линија меѓу Белград и Будимпешта и дека во текот на претстојната летна сезона, српската национална авиокомпанија ќе лета до 17 пати неделно.

    „Со денешниот лет за Будимпешта ја лансиравме првата од над 20 дестинации до кои ќе оперираме во текот на претстојната летна сезона, а кои не беа во нашата мрежа во 2022 година. Ќе ја следиме побарувачката и постепено ќе го зголемуваме бројот на фреквенции меѓу двата града во согласност со неа. Сметаме дека воведувањето директни летови ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу Србија и Унгарија и значително ќе го забрза движењето на патниците низ Европа“, изјави директорот за комерцијална и стратегија на „Ер Србија“, Бошко Рупиќ.

    Со воведувањето на редовна авиокомпанија меѓу главните градови на Унгарија и Србија, на патниците им се нуди можност за добри врски од Будимпешта, преку Белград до Шпанија, Италија, Грција, Кипар, Соединетите Американски Држави, како и земјите од регионот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img