(ЕПСКИ КРИМИНАЛ) ПИСМО : Екс директорот на катастар Охрид, си запишал нелегален кат од куќа во катастарската евиденција без било каква документација,а потоа си ја продал куќата на трето лице?!

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ве известувам дека бившиот директор на катастарот во Охрид З.Д, додека бил директор поднел барање да му биде запишан вториот кат од куќата без документи според состојбата од лице место и според состојбата од лице место без документи вториот кат од куќата му е запишан во катастарот во Охрид во имотен лист број 1212 на катастарска парцела број 13517 во катастарска општина Охрид 3 на улица Миќо Гилиќ број 29 во населба Даљан во Охрид со предмет во катастар во Охрид број 1113-1555/2021. Потоа Зоран Дичевски куќата заедно со вториот кат ја продава на трето лице.

Бидејки уставот и законите важат и се исти за сите граѓани на државата, а за вториот кат од куќата се констататирало дека била направена грешка без притоа да биде отстранета грешката односно и понатаму останува вториот кат од куќата запишан во имотниот лист, барам од Ваша страна доколку сметате за потребно јавно да ги објавите овие податоци со цел граѓаните на целата држава кои имаат изградени објекти без документи да можат законски да поднесат бесплатно барање на кој било шалтер од катастарот во државата во кое барање ќе побараат и нивните објекти да бидат запишани според според состојбата од лице место без документи повикувајки се на врска предмет број 1113-1555/2021 од катастарот во Охрид, имотен лист број 1212 на катастарска парцела број 13517 во катастарска општина Охрид 3 на улица Миќо Гилиќ број 29 во населба Даљан во Охрид.

НАПОМЕНА:Авторот на писмото познат на редакцијата.Редакцијата Охридскај ,интегрално без измена истото го објавува.

Share This Article