More

    Епидемиологот Даниловски апелира да се вакцинираме за да спречиме епидемија на морбили

    spot_img

    Вирусот на морбилите е најзаразниот вирус на планетата, затоа апелирам да се вакцинирате за да не ни се случи нова епидемија, порачува епидемиологот Драган Даниловски преку статус на Фејсбук.

    Тој пишува дека едно заразено дете може да зарази други 12-18 деца.

    „И покрај тоа што веќе неколку пати во медиумите имам укажувано на феноменот на ‘имунолошка амнезија’ кај морбилите, не е на одмет пак да го спомнам. Зошто? Пред сѐ, заради многу нискиот опфат со вакцинација против морбилите. Тој се движи некаде околу 70 проценти за првата доза и околу 80 проценти за втората доза во 2021 година, според податоците на Институтот за јавно здравје. Во 2022 година, ситуацијата сигурно не е подобра“, пишува д-р Даниловски, додавајќи дека за да не дојде до епидемија, потребен е опфат од преку 95 проценти, зашто вирусот на морбилите е најзаразниот вирус на планетата (репродукцискиот број, R0, е 12-18, што значи дека едно заразено дете може, во просек, да зарази нови 12-18).

    Во ваква ситуација, објаснува епидемиологот, доволен е еден единствен случај да навлезе однекаде, за да се соочиме со појава на епидемиско ширење.

    „Во што се состои феноменот на ‘имунолошка амнезија’? Неодамна, беше откриено дека вирусот на морбилите може да го уништи претходно стекнатиот имунитет со вакцинација или прележување на други заразни болести. Или попрецизно, се уништува имунолошката меморија за сите тие заболувања. Овој феномен е наречен ‘имунолошка амнезија’. Откако имунолошкиот систем ќе ги изгуби своите ‘сеќавања’, тој мора макотрпно повторно да научи сè што знаел некогаш. Тоа може да потрае и до три години. Во меѓувреме, децата се изложени на ризик од повторно заразување со патогените микроорганизми, кои нивниот организам некогаш знаел да ги препознае, но сега ги ‘заборавил’. Сите тие инфекции треба повторно да се доживеат, за да се поправи штетата. Се покажало, меѓутоа, дека морбилите не само што го зголемуваат ризикот од разболување, туку и од смртен исход при тие повторени инфекции. Поуката од горниве искази е јасна. Целиот систем на превентивна и примарна здравствена заштита мора итно да се мобилизира и ангажира, опфатот со вакцинација на децата што побрзо да го достигне заштитното ниво од преку 95 проценти“, апелира д-р Даниловски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img