More

    Ентони Хопкинс: Глумата во „Тор“ беше бесмислена

    spot_img

    Актерот Ентони Хопкинс ја опиша својата работа во филмовите „Тор“ како бесмислена глума.

    Хопкинс се приклучи на филмовите на Кенет Брана, базирани на стрипови на Марвел во 2011 година. Го играше ликот на Один, татко на главниот лик, во три продолженија.

    „Ако седите пред зелен екран, тоа е бесмислено глумење. Ме ставија во оклоп, ми ја залепија брадата. „Седи на тронот и малку се кара“, ја опиша Хопкинс својата улога во „Тор“ за Њујоркер.

    Хопкинс (85) влезе во историјата во 2021 година како најстариот човек кој добил Оскар за глума, кога ја доби наградата за улогата на дементиран човек во филмот „Таткото“. Неговиот прв Оскар беше улогата на Ханибал Лектор во култниот филм „Кога јагнињата молчат“ во 1992 година.

    Ентони Хопкинс дипломирал на колеџот за музика и драма во Кардиф во 1957 година и се прославил кога бил забележан од Лоренс Оливие и донесен во Кралскиот национален театар.

    Неговиот колега од „Thor“ Крис Хемсворт изјави за магазинот GQ дека го сака искуството да работи на филмовите од франшизата „Thor“, но додаде дека понекогаш му се смачува од ликот што го игра.

    Како што вели, подготвен е да се врати во „Торо“, но дека сака некое време да се занимава со други работи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img