Британскиот тенисер, Енди Мареј, сподели неколку фотографии со Новак Ѓоковиќ и се потсети на дел од времето што го поминале заедно.
Мареј на годинешните Олимписки игри се збогува со професионалниот спорт.
„Ривали, партнери во двојки, пријатели и љубовници? (Видете ја третата фотографија)“, напиша Енди на Инстаграм и ги заскокотка љубопитните читатели.
На „спорната“ трета слика од постот на Инстаграм Енди и Новак се фотографирани блиску еден до друг како да ќе се бакнат. Мареј се пошегува на своја и на сметка на Ѓоковиќ.
Мареј двапати го освои олимпиското злато, а во Париз ќе настапи само во двојки.