More

    Еминем прослави необична годишнина

    spot_img

    Славниот американски рапер Еминем прослави важна годишнина во неговиот живот – 16 години без дрога и алкохол. Тој го одбележа датумот на специфичен начин, сподели фотографија од монета со бројот 16 на која се наоѓаат зборовите „единство“, „услуга“ и „закрепнување“, кои ја симболизираат неговата постојана посветеност на трезниот начин на живот.

    Многумина во коментари му честитаа на раперот за упорноста и истрајноста.

    „Ова е голема работа. Ти честитам што си пример за другите“, „Најголемо влијание и ментор“ – се дел од коментарите од неговите фанови и следбеници на социјалните мрежи.

     

    Еминем води долга битка со зависноста. Во 2007 година тој речиси смртоносно се предозирал, што подоцна го опишал како клучниот момент кој го поттикнал да побара помош. Во екот на својата зависност, тој признал дека консумирал и до 20 таблети дневно.

    Раперот во едно свое интервју ја опиша својата борба со зависноста, откривајќи дека насловот на албумот „Recovery“ е директна референца за неговата борба со супстанциите од кои станал зависен. Еминем  ја истакнува и улогата на физичката активност во неговото закрепнување.

    – Кога излегов од рехабилитација, требаше да симнам килограми, но требаше и да најдам начин да функционирам трезен. Имав проблеми со спиењето, па почнав да трчам. Тоа ми даде природно висок ендорфин, но исто така ми помогна да спијам, така што за мене беше совршено решение – изјави Еминем.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img