Емили Ратајковски се бакнува со мистериозен маж

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шпекулациите дека е во врска со Бред Пит паѓаат во вода, бидејќи Емили Ратајковски неодамна е забележана во прегратките на друг маж.

Според „Дејли мејл“ манекенката неодамна била фатена во прегратките на друг маж, а како што може да се види од фотографиите, имало повеќе од нежни допири. Иако идентитетот на овој мистериозен маж, кој страсно ја бакнуваше Емили, сѐ уште не е откриен, медиумите успеаја да го снимат нивниот емотивен момент.

Фотографиите се проширија на социјалните мрежи, а шпекулациите и наводните приказни дека славната манекенка излегува со Бред Пит овој пат се покажаа како невистинити.

Да потсетиме, Емили Ратајковски пред само неколку месеци поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг Себастијан МекКлауд, а како што наведуваат странските медиуми, причината е неговото неверство и измама. Набргу потоа се појавија гласини дека 31-годишната манекенка се гледа со Бред Пит, па дури и извор близок до манекенката посочи дека можеби нешто се случува меѓу нив.

Меѓутоа, најновите фотографии докажуваат дека на повидок е нова љубовна приказна.

Share This Article