More

    Емили Хенд, девојчето чиј татко пред неколу недели велеше дека подобро да е мртва отколку во рацете на Хамас, е безбедно вратена во Израел во договорот за размена на заложници

    spot_img

    Емили Хенд, девојчето чиј татко пред неколу недели велеше дека подобро да е мртва отколку во рацете на Хамас, е безбедно вратена во Израел во договорот за размена на заложници. Девојчето ќе наполни 9 години, а татко ѝ вети дека ќе ѝ ја приреди најголемата роденденска забава досега, пишува Дејли Мејл.

    Томас Хенд за Дејли Меил вели дека се исплашил да ја прегрне својата ќерка премногу цврсто кога ја видел за прв пат. Мајката на Емили починала од рак пред неколку години.

    За Емили прво се мислеше дека е убиена, но подоцна беше објавено дека таа е меѓу заложниците кои беа земени за време на нападот на Хамас на 7 октомври. Таа ноќ Емили спиела кај пријателка.

    Емили има ирско-израелско потекло. Нејзиниот случај ја разбранува политиката во Ирска. Тамошниот министер за надворешни работи Ели Коен го прекори ирскиот премиер за тоа што рекол дека дете заложник било „пронајдено“ откако било „изгубено“.

    „Се чини дека го изгубивте моралниот компас и ви треба проверка на реалноста! Емили Хенд не беше „изгубена“, таа беше киднапирана од терористичка организација полоша од ИСИС која ја уби нејзината маќеа“, му напишала министерката на премиерот во коментар на социјалната мрежа Икс.

    „Емили и повеќе од 30 други израелски деца беа земени како заложници од Хамас, а вие се обидувате да го легитимирате и нормализирате теророт. Засрамете се!”

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img