More

    Ем си пукале ем си снимиле видео – голем кеиф истерале

    spot_img

    Рафали од калашников и снимање видео – тоа е забавата што ја смислиле тројца полицајци од Тетовско, против кои Одделот за внатрешна контрола при МВР поднел кривична пријава до Основно јавно обвинителство за гонење  организиран криминал.

    Постојат основи за сомнение дека А.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце, Д.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце и Ј.Б., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Јажинце при Регионалниот центар за гранични работи Север, сториле кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот законик.

    „Првопријавениот А.Д. на 23.05.2022 и второпријавениот Д.Д. на 24.05.2022, во текот на работното време, додека биле ангажирани во шумски предел кај место викано Ѓинов Камен, без да бидат исполнети законските услови за употреба на огнено оружје, пукале со службена автоматска пушка, која ја задолжиле пред излегувањето на смена, во присуство на други полициски службеници кои заедно со нив биле работно ангажирани. Исто така, првопријавениот А.Д. на 29.02.2024 и третопријавениот Ј.Б. на 08.03.2024, во време кога не биле работно ангажирани, во шумски предел во близина на место викано Ѓинов Камен, во присуство на неколку лица, рафално пукале со автоматска пушка“, се вели во соопштението на МВР.

    Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник Ј.Б. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка. За полициските службеници А.Д. и Д.Д., поради изминување на роковите за водење на дисциплинска постапка, нема да биде поднесен предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.

    Ова е видеото што го снимиле полицајците рамбовци:

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img