Елитниот снајперист од Канада, за кој Русите тврдеа дека е убиен, пријавил дека сѐ уште е на украинското бојно поле.
– Добро сум нахранет и одморен. Последен дознав дека сум мртов. Тоа е тролање и бизарна пропаганда од Русија – рекол снајперистот чиј прекар е Вали.
– Се опоравувам од настинка и ќе се вратам на фронтот за неколку дена. Оваа војна е како играње шах, а не знаете кои се другите пиони. Знаете малку, но тоа не е доволно – рече тој.
Потоа опиша конфликт со руски војници.
– Беа на само 50 метри од нас, имав среќа. Погодија во соседната соба во куќата. Еден од моите колеги беше застрелан додека патролираше, но го евакуираа и тој преживеа – вели Вали.
Според медиумите, Вали по професија е програмер, а сопругата и семејството ги оставил во Торонто.
Во 2017 година се пофали дека го погодил најдолгиот снајперски истрел на светот во Ирак од далечина од 3,5 километри во борбата против т.н. Исламска држава, а потоа ја демантираше приказната дека бил припадник на единицата „JTF2“ и бил присутен кога бил убиен оперативецот на ИД.