Поранешниот играч за врска на Баерн, Лотар Матеус, поразот на минхенскиот тим од Виљареал (0:1, 1:1) во двата меча од четвртфиналетофиналето на Лигата на шампионите, го оцени како силен удар за германскиот фудбал.
– Елиминацијата на Баерн од Лигата на шампионите му штети на германскиот фудбал. Виљареал не е противникот од кој можеш да бидеш исфрлен. Сепак, Баерн не прикажува добра игра во последните недели, па ова и не е толку големо изненадување. Нивната игра не беше насочена, тимот не понуди решенија – изјави Матеус, за „Sky Sport Deutschland“.
Според екс играчот од средниот ред, атмосферата во Баерн е лоша.
– Не се работи само за фудбалот, има многу, многу се зборува наоколу. Трансфер сагата околу Левандовски повторно стана тема на разговор. Речиси не сум видел таков хаос во Баерн во последните години – додаде Матеус.
Во полуфиналето од Лигата на шампионите, Виљареал ќе се соочи со победникот од пресметката помеѓу Ливерпул и Бенфика.