Пејачката Елена Ристевска плени каде и да се појави, како со својот глас, така и со својот стас. Елена има и прекрасен стил, поради кој нејзините обожаватели несебично ја опсипуваат со комплименти.
Пејачката по неколку гостувања во регионот, изминатиов викенд ги изненади и скопјани со свој настап во живо во позната скопска дискотека.
Елена ги испеела нејзините најголеми хитови и направила одлична забава.
За мини концертот, Елена одбрала сиво-сребрен краток фустан со светки и црни сандали. За целиот стајлинг била задолжена Теа Клинчарова.
„Прекрасна, те сакам“, „Убава жена си Елена“, „Нај, нај, најслатка си Елена“, „Убавица“, се само дел од коментарите што се нижат покрај фотографиите на Елена.