More

    Елена Ристеска преку социјалните мрежи се пофали дека започнува една нова авантура во животот

    spot_img

    Македонската поп-пејачка Елена Ристеска преку социјалните мрежи се пофали дека започнува една нова авантура во животот. Имено, Ристеска со своите фанови сподели дека ја оформила продукцијата ЕРА за млади таленти.

    Елена во објавата на Инстаграм откри која е нејзината цел со продукцијата, а исто така откри и дека синоќа нејзините ексклузивци го имале нивниот прв настап.

    „Во овие 20 години кариера секогаш несебично помагав на младите потенцијални ѕвезди, како и на своите колеги. Овојпат имам поголема мисија, мисија да застанам како ЕРА продукција зад оние млади таленти за кои верувам дека имаат потенцијал да станат вистински ѕвезди. Како менаџер, како автор или како ментор, целта ми е да им го пренесам своето искуство во музиката и да трасирам една посигурна приказна во нивните кариери. А секако и да начнам нова енергија на македонската музичка сцена“, напиша, меѓу другото, Ристеска.

    Како што може да се забележи на фотографиите, засега тројца млади музички таленти ќе соработуваат со Елена. Станува збор за Мите Стоилков, Барбара Ракичевиќ и Талејенго Мемедоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img