Познатата македонска-поп пејачка Елена Ристеска била нападната од жена во ноќен клуб во Скопје. Информацијата на потврди и МВР во билтенот.
Како што соопшти МВР, Ристеска нападот го пријавила во полиција во 02.30 часот.
„Денеска во 02:30 часот во СВР Скопје, Е.Р.(37) од Скопје пријавила дека во угостителски објект на подрачјето на Центар со тврд предмет била физички нападната од Е.Т.(женско лице)“, се вели во соопштението.
Од МВР не соопштија детали од инцидентот, но велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.