Електричните автомобили се помалку склони кон самозапалување од бензинците, но кога ќе се запали, обично од возилото не останува ништо. За тоа најдобро говори последниот пример со „Тесла модел С“ од автопат во Пенсилванија, САД.
Веднаш по судирот, од „теслата“ почнал да се шири чад, рекол патникот кој веднаш го напуштил возилото. Пожарот почнал брзо да се шири, така што пожарникарите не можеле да го локализираат. Се испразниле две цистерни со околу 15.000 литри вода, а потоа на помош повикале и дополнителни противпожарни единици. Вкупно биле потрошени повеќе од 45.000 литри вода.
Според очевидци, оваа „тесла“ изгорела до непрепознатливост.
„Поради литиум-јонската батерија во возилото, за гаснење на овој пожар беа потребни дополнителни цистерни бидејќи огнот на возилото постојано се враќаше и засилуваше“, се вели во соопштението на противпожарната служба која го гаснела електромобилот.
Околу 2.000 литри вода се доволни за гаснење пожар кај обичен автомобил.