More

    Електраните се на удар од хиперсонични ракети „Кинжал“

    spot_img

    Во текот на изминатата ноќ, руските сили извршија голем воздушен напад низ Украина, во кој цел беше критична инфраструктура во неколку области на земјата. Киев Индипендент објави дека електраните во Харков, Киев, Запорожје и Лавоб се оштетени.

    „Инженерите работат на обновување на оштетените објекти“, напиша на Фејсбук Херман Халушченко, министер за енергетика на Украина.

    Воздухопловните сили на Украина издале тревога за воздушен напад во поголемиот дел од земјата рано утринава, вклучувајќи ги и западните области најоддалечени од линијата на фронтот. Украинската војска соопшти дека Русија лансирала беспилотни летала, крстосувачки ракети од бомбардери Ту-95 и хиперсонични ракети Кинжал во различни области на Украина.

    Во градот Харков утрово околу пет часот одекнале експлозии. Олег Сињехубов, гувернерот на Харковската област, објави дека областа била погодена со проектили најмалку десет пати, предизвикувајќи штета на критичната инфраструктура.

     

     

     

     

    Ихор Терехов, градоначалникот на Харков, најави дека населението треба да очекува прекини на струјата и дека метрото во тој град нема да работи неколку часа.

    – Повеќе од 200.000 корисници на електрична енергија во регионот Харков останаа без електрична енергија по нападот, а метрото се користи како засолниште – изјави Олексеј Кулеба, заменик началник на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    Се наведува дека засега нема извештаи за жртви. Киев Индипендент потсетува дека Русија неодамна ги засили нападите врз Харков, вториот по големина град во Украина, таргетирајќи ја неговата критична инфраструктура, како и станбените области со ракети, лејд бомби и беспилотни летала.

    На 1 април Терехов изјави дека „речиси целата“ енергетска инфраструктура во тој град била уништена во руските напади. Војната во Украина трае цели 778 дена.

    Плусинфо веќе пишуваше за предупредувањата на украинскиот претседател Володимир Зеленски и други лица од украинскиот воен врв дека Харков ќе биде цел на пролетната офанзива на Москва, која, според Зеленски, може да се случи во мај или во јуни.

    Украинскиот претседател постојано апелира до западните сили да ја откочат воената помош за Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img