Ела Дворник: Татко ми ми рече: дрогирај се, пиј, само не пуши

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Познатата хрватска инфлуенсерка Ела Дворник, заедно со Леона Парамински и Душко Ќурлиќ, била гостинка на хуманитарното ток-шоу „Женска приказна“ на Маријана Периниќ. Ела, Леона и Душко се родители на девојчиња и пред присутните зборувале за своите искуства, пишува „Индекс.хр“.

Публиката се интересирала како децата на гостите се справуваат со фактот што нивните родители се познати личности, а Ела одговорила преку своето искуство како дете на славна личност. Ела е, инаку, ќерка на покојниот хрватски пејач Дино Дворник.

Таа вели дека растењето со Дина Дворник ја зајакнало и покрај тоа што имало непријатни ситуации и коментари. Таа исто така смета дека на децата треба да им се овозможи приватност и слобода, без разлика на професијата на нивните родители.

„Би сакала да им всадам некои вредности кои, нема да верувате, мене мојот татко ми ги всади. Татко ми ми рече – дрогирај се, пиј, што сакаш прави, само не пуши цигари. Единственото нешто што го правам сега е – пушам цигари“, рекла таа.

Меѓу другото, Ела открила дека отсекогаш мислела дека ќе биде мајка на синови.

„Сега, по две ќерки, не можам да замислам да бидам мајка на момче“, рекла таа. Душко Ќурлиќ се надоврзал на Ела и открил дека често го прашувале дали сака син. „Тоа навистина ми пречеше“, рекол тој.

Ела и Леона разговарале и за породувањето. Додека Ела ја родила својата прва ќерка во своите дваесетти години, Леона се породила на 42-годишна возраст и двете ги истакнале добрите и лошите страни на нивните ситуации. Ела вели дека во тој период ѝ требало време да го прифати фактот дека ќе стане мајка. Од друга страна, Леона вели дека била психички подготвена за родителство, но открила дека породувањето физички доста ја исцрпило.

Да потсетиме, Ела е во процес на развод од Чарлс Пирс, со кој има две деца. Таа дала смирувачки коментар за неодамнешните најави за наводното „повлекување пари од сметката на компанијата“ од страна на Чарлс. Таа рекла дека не сака да дава изјави поради децата кои подоцна ќе ја читаат.

Share This Article