More

    Ел Салвадор ќе издаде обврзници во криптовалутата биткоин во првиот квартал од следната година

    spot_img

    Ел Салвадор ќе издаде обврзници во криптовалутата биткоин во првиот квартал од следната година, откако во 2021  година  стана и прва земја во која Биткоинот е законско средство за плаќање.

    „Обврзницата Vulcan штотуку доби регулаторно одобрение од Комисијата за дигитални средства (CNAD). Очекуваме дека обврзницата ќе биде издадена во првиот квартал од следната година“, соопшти Националната канцеларија за биткоин во Ел Салвадор на социјалната мрежа Х.

    Властите на Ел Салвадор планираат да финансираат изградба на биткоин град со вулкански обврзници. Тој би се наоѓал на истокот од земјата, а би се напојувал со геотермална енергија од блискиот вулкан.

    -Градот ќе биде делумно изграден со најмалку 1 милијарда долари вулкански обврзници – рече салвадорскиот претседател Наџиб Букеле пред две години кога го воведе биткоинот како национална валута.

    Според предвидувањата на Букеле, Ел Салвадор требаше да купува по еден биткоин дневно почнувајќи од 17 ноември минатата година, но владата не откри дали навистина се држи до планот.

    Последната објава беше дека владата  купила 2.381 биткоини. Последното купување е направено во јули

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img