More

    Експретседателот на САД ја искористил положбата за да заработи?

    spot_img

    Хотелот „Трамп интернејшнл“ во Вашингтон честопати ги зголемувал цените кога во него престојувале агенти на Тајната служба а кога претседател на САД беше Доналд Трамп, се тврди во извештај на демократите од Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, пишува Гардијан.

    Тајната служба се состои од високо професионални телохранители кои се грижат за обезбедување на претседателот на САД и членовите на неговото семејство.

    Неговиот хотел повеќепати извлекувал незаконски профити од агенцијата, и понекогаш наплаќал до 300 отсто повеќе од владините дозволени дневни рати. Хотелот на поранешниот претседател Трамп во Вашингтон не само што редовно ѝ наплаќал на Тајната служба повеќе од државната рата, туку често ѝ наплаќал повеќе и од другите клиенти, вклучувајќи и членови на странски кралски семејства, се вели во извештајот објавен денеска.

    Главно, ова се однесува на случаи кога Тајната служба ги обезбедувала неговите возрасни синови Ерик и Доналд помладиот кога тие престојувале во хотелот. На пример, во ноември 2017 година, за некои соби агенцијата платила по 600 долари за ноќавање, додека на кинеска компанија ѝ било наплатено речиси 339 долари за ноќевање за истите соби.

    Авторите на извештајот, заснован на хотелски записници од септември 2017 до август 2018 година, сметаат дека Трамп ги прекршил клаузулите за странски и домашни доходи за служба предвидени да спречат профитирање на претседателот и други федерални службени лица на сметка на даночните обврзници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img