Поранешниот премиер Никола Груевски преку социјалната мрежа Фејсбук се заблагодари за сите честитки кои ги примил за именденот, но и за поддршката и довербата која ја добил.
– Нека Св.Никола чудотворец ни помогне на сите Македонци и на сите во Македонија и нека нѐ заштити од неприликите и злонамерните. Нека секогаш во животот ве следи среќа – стои во пораката на Груевски на Фејсбук.
Инаку, последната анкета која ја објави ИРИ покажува дека тој е политичарот кој ужива највисок рејтинг кај политичарите.
Довербата за него е 7%, ама пораснала дупло, споредено со минатогодишните 3%. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има доверба од 6%, на исто рамниште со Ахмети, а потоа следи Ковачевски со 5 проценти..