More

    Експлозивната биографија на жената која го „збриша“ Макрон

    spot_img

    Мајка ми не ме сакаше, ќе рече во својата автобиографија „Upstream“ Марин Ле Пен која го „збриша“ блокот на актуелниот претседател Емануел Макрон на парламентарните избори, а му се заканува и со мнозинство во францускиот парламент.

    Денешната десничарка пораснала во необична атмосфера, раскажува нејзиниот биограф, писателката Сесил Алдуј. Живеела без мајка 20 години, татко ѝ едвај ја познавал, ја воспитувале дадилки и гувернанти.

    Кога еден Марин како тинејџерка се вратила од училиште сфатила дека облеката на нејзината мајка ја нема во куќата.

    – Замина со друг маж. А Марин Ле Пен беше навистина очајна. Престана да јаде – вели Алдуј за Ле Пен.

    На осум години бомба наменета за нејзиниот татко направила дупка во станот во кој таа спиела со сестрите.

    На училиште во една прилика нејзините сестри ги нарекле „ќерки на фашистите“. Тоа е поврзано со нејзиниот татко кој бил основач на десничарската партија Национален собир. Но, таа го избрка татка си од партијата во 2015 година кога тој заедно со други членови беа обвинети за расизам и за антисемитизам.

    Неодамна Ле Пен избриша делови од статутот на партијата во кои се најавуваше излегување на Франција од НАТО.

    Всушност, излегувајќи од сенката на татко ѝ таа ги мекнеше своите ставови, особено за истополовите бракови и за правото на абортус, ставови кои подоцна ги поддржа.

    Во 2010 година уличните молитви на муслиманите ги спореди со окупацијата на Франција. Сепак, таа на крајот беше ослободена од обвиненијата за поттикнување расна омраза поради овој коментар.

    Родена во Ној-сур-Сен во регионот на Париз на 5 август 1968 година, Ле Пен се опишува едноставно како католик и со години живее во Ла Сал Сент Калуд. Во 1995 година се омажи за бизнисменот Франко Шофрој со кој има три деца, во 2000 година се разведоа, а во 2002 година се омажи за Ерик Лори, поранешен секретар на Националниот собир.

    Од 2009 до 2019 година беше во врска со Луис Алиот, кој има алжирско и еврејско потекло и со години беше генерален секретар на нејзината партија, како и потпретседател.

    Нејзината политичка кариера е обележана со силни позиции за имиграцијата, националната безбедност и евроскептицизмот. Ле Пен првпат беше избрана во францускиот парламент во 2012 година, а потоа стана кандидатка на Националниот собир на претседателските избори во 2017 година. Иако помина во вториот круг од изборите, таа загуби од Емануел Макрон.

    Дипломирала право на Универзитетот во Париз и работела како адвокат пред целосно да се посвети на политиката.

    На првиот круг на изборите на 30 јуни Марин Ле Пен го „збриша“ Макрон освојувајќуи третина од гласовите. Во вториот круг нејзината партија ќе се бори да освои мнозинство во парламентот, а според Институтот за анкети Ипсос партијата Национален собир може да освои апсолутно мнозинство со 230-280 места и покрај обединетата левица и центар од другата страна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img