Експлозивна направа била фрлена претходната вечер врз припадниците на косовската полиција на улицата Колашинска во северниот дел на Митровица.
Некаква експлозивна направа била фрлена околу три часа по полноќ на киоскот на улицата Колашинска каде што биле нашите полицајци, изјави за радио Контакт плус заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион Ветон Ељшани.
Тој рече дека нема повредени и дека е причинета материјална штета.
Истрагата е во тек.