More

    Експлозијата во Грција под превезот на мистеријата, сите се прашуваат како се случила?

    spot_img

    Утрово по експлозијата на магацинот за муниција во Грција, главното прашање е како тоа воопшто се случило.

    Како што пренесува грчкиот сајт Прототема, во тој магацин биле складирани авионски бомби на кои им требаат детонатори за да експлодираат и по правило тие се чуваат одвоено од бомбите. Истрагата е во тек, а една од можностите што се разгледува е теоријата дека експлозивот се стопил и се излеал поради високата температура на пожарот, по што дошло до неговата силна експлозија.

    Грчкиот портал наведува дека денеска воените власти почнале да ги контролираат и расчистуваат остатоците од експлозив околу магацинот за воена муниција што експлодираше вчера попладне поради пожар во Неа Анхијалос. Главниот приоритет е што поскоро да се врати во функција воздухопловната база Агиалос.

    Според Прототема, оваа воздухопловна база е втора по големина во земјата и една од оние што го носат најголемиот товар за пресретнување на турските ловци кога го нарушуваат грчкиот воздушен простор.

    Затоа специјалистичките екипи што поскоро ќе почнат да го „чешлаат“ теренот во круг од најмалку три километри околу магацинот во потрага по остатоци од муниција и експлозиви поради опасноста за воениот персонал и цивилите.

    Инаку, складиштето за муниција што експлодираше во Грција кај градот Неа Анхијалос беше од надземен тип и во него имаше претежно конвенционални воздушни бомби од 226 до 907 килограми, кои ги носат авионите Ф-16.

    Муницијата била складирана според спецификациите на НАТО, што значи дека складиштето било бетонско и опкружено со земја без вегетација. Како што се наведува, просторот околу магацинот во радиус од 60 метри е целосно исчистен од вегетација, а најблиската вегетација била маслинка на неколку метри од тој периметар.

    Поради јачината на експлозијата и силниот ударен бран што беше создаден, значително е оштетен кампот во областа Карамба, кој беше евакуиран пред експлозијата, околу 17:45 часот. Откако пожарот навлегол во западниот дел од кампот, се слушнале детонации со различен интензитет, додека во 19:18 часот дошло до силна експлозија.

    Од силината на детонацијата значителна штета претрпеа куќи и продавници во Неа Анхијалос. Од друга страна, „ловците“ и другите авиони биле сместени во подземните и надземните складишта на воздухопловната база и немало причина за загриженост, бидејќи овие складишта можат да издржат силни експлозии и високи температури.

    Сепак, како мерка на претпазливост, дел од ловците Ф-16 Блок 30 и Блок 50 кои оперираа од три ескадрили на 111-то борбено крило беа префрлени во 110-то борбено крило во Лариса.

    Што се однесува до муницијата и експлозивните направи се складирани во уништениот магацин, а поголем дел од муницијата е расклопена и нејзините делови се чуваат во различни складишта.

    Проектилот, на пример, се расклопува на делови во зависност од неговата природа и издржливост, кои се чуваат на посебни места. Трупот и стабилизаторите за лет се чуваат на едно место, а електронските системи кои поради својата чувствителност треба да се чуваат на одредени температури и на специјално дизајнирани простори, се чуваат на друго место.

    Инаку, во 111 ловечки полк има две групи муниција. Првиот е таканаречениот „А грант“ во внатрешноста на базата, во кој муницијата е наменета за непосредна употреба, а која може да се монтира на авионот. Втората група се наоѓа околу периметарот на базата на поголема оддалеченост од централните објекти и опфаќа поголема количина муниција. Експлозијата се случила во таа област.

    Таму се складира муниција што ја користи авионите на базата, како и други што ги користат сојузничките и грчките авиони што може да слетаат во базата за да се надополни муницијата по потреба.

    Искршени излози, оштетени фасади на куќи и отворени порти сведочат дека нешто страшно се случило во провинцискиот град Неа Анхијалос кај Волос во Грција, чии жители вчера морале да се евакуираат по експлозија во воен магацин.

    „Градот е празен од вчера, а некои полека се враќаат да ја видат штетата што е направена. Жителите во 18 часот попладне ја напуштија Неа Анхијалос, оставајќи зад себе речиси сè, куќите, своите автомобили“, пишува ЕРТ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img