Најмалку 31 лице загина, а седуммина се повредени во експлозија на гас во ресторан во северозападна Кина. Кинескиот претседател бара повредените да добијат сеопфатен третман и да се изврши безбедносна проверка.
Експлозијата се случила околу 20 часот и 40 минути по локално време во средата во Јичанг, додека луѓето се собирале за време на фестивалот на бродот Змеј, пренесува telegraf.rs.
Една жена за локалните медиуми изјавила дека била на околу 50 метри од ресторанот кога слушнала силен звук.
Таа рече дека од ресторанот почнал да излегува чад, додека во воздухот се чувствува силен мирис на готвење. Таа додаде дека од зградата по експлозијата истрчале двајца келнери и дека еден веднаш се урнал.
На неколку лица им биле укажани изгореници и исекотини од скршено стакло.