Две лица загинаа, а 12 се водат како исчезнати по експлозија во рафинерија и хемиска фабрика во североисточна Кина, соопшти денеска државната телевизија.Експлозијата во фабриката на хемиската компанија Панџин Хаоје се случи во неделата, во 15 часот и 13 минути по локално време, за време на поправки на делот каде што се одвива процесот на алкилација, од кој се добива најквалитетен бензин од нафта.
Панџин Хаоје е независна рафинерија и производител на хемикалии со седиште во градот Панџин, провинцијата Лиаонинг.
Според телевизискиот извештај, уште триесетина лица се полесно повредени, а пожарот е ставен под контрола.