Девет лица се повредени рано утринава во експлозија на рачна бомба на сточниот пазар во Призрен, потврди косовската полиција.
Сите повредени се пренесени во Ургентниот центар на Регионалната болница Призрен.
Полицијата трага по тројца осомничени.
Портпаролот на полицијата во Призренскиот регион Весел Гаши изјави дека, според првите информации, се сомнева дека во експлозија на рачна бомба се повредени девет лица, а сите повредени се во Ургентниот центар на Регионална болница Призрен на лекување.
Тој додаде дека полицијата дошла на местото на експлозијата и дека бил информиран и дежурниот обвинител.
„Регионалната истражна единица Призрен пристигна на местото на настанот и прибира докази и сведоштва. Идентификувани се тројца осомничени и полицијата трага по нив“, рече тој.
Засега нема информации за мотивите на ова кривично дело.