More

    Експлозии низ цел Бејрут, Израел ги напаѓаше финансиерите на Хезболах

    spot_img

    Бејрут ноќеска беше потресен од експлозии веднаш откако Израел се закани со „непосредни напади“ на локации поврзани со финансирањето на Хезболах.

    Израелските одбранбени сили (ИДФ) синоќа објавија дека планираат да нападнат „голем број“ локации. Повеќето од нападите беа насочени кон филијали на Ал-Кард Ал-Хасан, банка без лиценца која се смета за еден од главните извори на готовина на Хезболах.

    Експлозиите најпрвин се слушнаа во јужниот дел на главниот град и низ долината Бека, но висок израелски разузнавач нагласи дека цели биле погодени „ширум Либан“. Еден од нападите беше извршен во близина на меѓународниот аеродром Рафик Ал Харири.

    Се појавија снимки на кои се гледа уривање на зграда погодена од Израелците. Споменатата зграда беше прогласена за цел само неколку часа претходно.

    Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, ги предупреди цивилите: „Секој, што е во близина на места кои се користат за финансирање на терористичките активности на Хезболах, мора веднаш да си замине“.

     

    Вечерашниот напад се случи откако Израелците вчера објавија дека ја нападнале разузнавачката служба на Хезболах во Бејрут.

    „ИАФ (Израелските воздухопловни сили) извршија напад врз командниот центар на разузнавачкиот штаб на Хезболах и врз подземната работилница за оружје во Бејрут“, се наведува во соопштението.

    Како одговор на овие напади, израелската армија соопшти дека вчера беа истрелани 160 ракети преку либанската граница кон северен Израел.

    Тензиите меѓу израелската армија и Хезболах се зголемија откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври минатата година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img