Непознати разбојници разнеле банкомат во населбата Бузин во Загреб. Полицијата го блокирала патот.
– Утрово, поминував покрај бензинската пумпа и видов дежурна полиција во близина на банкоматот. Некој го разнел во текот на ноќта – изјавил жител на Загреб за порталот 24 сата.
Станува збор за банкомат што се наоѓа во непосредна близина на бензинската пумпа на аголот на авенијата Вечеслава Хољевац и улицата Бани.
Полицијата веднаш излегла на терен со четири возила.
На снимката направена по инцидентот можат да се видат делови од банкоматот како се разлетани на сите страни.
Засега нема информации колку пари успеале да украдат разбојниците.