Пламени јазици високи по 50 метри предизвика експлозијата на гасоводот што ја поврзува Литванија со Летонија.
Оружната полиција на Паневезис, Литванија, околу 17 часот пријавила експлозија на гасовод во улицата Јонишкеле во селото Виенкиемиу.
Според првичните информации нема повредени, јави порталот ЛРТ.
– Во близина нема станбени згради и никој не знае до каде ќе биде неопходно да се евакуираат жителите – рече Гегузинскас.
Локалните власти велат дека снабдувањето со гас веднаш било прекинато.
Извршниот директор на „Амбер Грид”, компанијата задолжена за транспорт на гас од Литванија, Немунас Бикнијус, соопшти дека нема непосредни докази дека експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија е последица на напад.
– Според првичната проценка, не гледаме напад како причина за експлозијата, но истрагата ќе ги вклучи сите можни опции – рече Бикнеус на прес-конференција.
Пожарот што избувна по експлозијата е изгаснат и повторно е воспоставен транспортот на гас за Летонија.
На снимката која ја објави литванската телевизија ЛРТ може да се види дека има пожар на местото на експлозијата во областа Паневезис во северна Литванија. Огнот можеше да се види на растојание од најмалку 17 километри, објави претходно ЛРТ.