More

    Експлицитни фотографии на пејачката

    spot_img

    Поп-принцезата Бритни Спирс во последно време привлекува најмногу внимание со разголените фотографии кои ги објавува на својот профил на Инстаграм.

    Бритни во моментот со сопругот Сем Ашгари ужива на Хаваи, а откако на одморот снимила секси видео на кое е топлес, сега сподели и низа фотографии на кои е целосно гола.

    Бритни се соблекла до крај на јавна плажа на изненадување на останатите капачи, а ги привлекла погледите и со заводливото позирање. Клучните делови на фотографиите ги прекрила со емотикони од срце.

    Дел од нејзините обожаватели ја поддржуваат во ваквите потфати, но некои во сето тоа гледаат причина за грижа, особено по изјавата на нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн, кој тврди дека нивните синови, 16-годишниот Џејден и 17-годишниот Шон Престон, се срамат поради нејзините голи објави.

    Инаку Бритни се венчаше со 12 години помладиот Сем во јуни оваа година, откако ѝ беше вратена слободата. Кон крајот на минатата година ѝ беше укинато старателството на нејзиниот татко Џејми кој 13 години управувал со нејзиниот имот, но и животот, а помеѓу останатото ги контролирал и нејзините методи на контрацепција.

    Пејачката со новиот сопруг веднаш почнала да се обидува да има дете, кое многу го сакала, но само еден месец откако ја објави веста за бременоста откри дека го загубила бебето.

    Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img