More

    Експертите за уставни измени се дел од семејните стебла на ДУИ и на СДСМ, рече Мицкоски

    spot_img

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека ништо не очекува од експертската група за уставни измени, но оти ќе очекува одговорност и дека отпочнувањето на постапката нема да успее. Тој не сакаше да го коментира составот на експертите што вчера ги објави Министерството за правда, велејќи дека се срами од „нивниот срам“. 

    – Експертите? Тие се експерти? Немам што да додадам за семејните стебла во ДУИ и во СДСМ. Се срамам од нивниот срам – рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ќе го коменира составот на експертите за групата за уставни измени што вчера ги објави Министерството за правда.  

    Мицкоски вели дека ништо не очекува од оваа група, туку дека неговите очекувања се да не успее првиот чекор во Парламентот, а тоа е отпочнување на постапката и утврдување на потребата за отворање на Уставот. 

    – Тоа ќе биде уште една политика на Ковачевски која што не успеала и потоа кривична одговорност за оние коишто ќе земаат хонорари од народот, а практично нема да сработат ништо бидејќи нивната работа е беспредметна, така што можам да кажам – еве го повикувам Ковачевски да не биде кукавица веднаш да ја достави иницијативата до Парламентот и пратениците во Парламентот да го дадат својот став по тоа прашање – рече Мицкоски, кој беше на промоција на книга во Социјалистичката партија.

    Повтори и, како што кажа, го потврди она што пред него го кажа претседателот на СПМ дека коалицијата „За обнова на Македонија“ која што во Парламентот брои 44 пратеника нема да ја поддржи оваа иницијатива за отворање на Уставот.

    – Час поскоро да ја затвориме оваа тема, имаме поважни работи – нѐ крадат при здрави очи, пљачкаат милијарди од народот, здравството ни е катастрофа, децата во школо немаат книги, дајте тоа да зборуваме. Ова треба да го игнорираме и да го затвориме. Ова е уште една политика на Димитар Ковачевски која што ќе биде поразена, а јас ќе повторам за ова ќе има одговорност. Повторно ќе кажам, не знам колку сериозно не разбираат, но за ова ќе има одговорност – рече Мицкоски. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img