Експертите известуваат дека 20.000 смртни случаи во САД се случуваат секоја година поради рак поврзан со прекумерно консумирање алкохол.
Главниот проблем е што секоја количина на алкохол е отровна. Кога ќе влезе во крвотокот, мора да се разложи на нешто што се нарекува ацеталдехид, што потоа дополнително се разложува на ацетат.
Ацетатот потоа може да се преработи во вода и јаглерод диоксид и да го напушти телото. Ацеталдехидот е докажан канцероген и ја оштетува ДНК колку подолго е во крвотокот.
Изборот да не пиете е еден начин на кој можете да се заштитите од зголемен ризик од неколку видови на рак.
Меѓутоа, ако пиете повремено, се препорачува да ја ограничите потрошувачката на една „доза“ дневно за жени и две за мажи.Сепак, и покрај ова популарно правило, Светската здравствена организација (СЗО) конечно објави во јануари 2023 година дека не постои безбедно ниво на алкохол.
„Не е важно колку пиете, ризикот по здравјето започнува со првата капка од кој било алкохолен пијалок. Единственото нешто што можеме да го кажеме со сигурност е дека колку повеќе пиете, толку е поштетно – или, со други зборови, колку помалку пиете, толку е побезбедно“, рече др. Карина Фереира-Борхес од Светската здравствена организација.