Експертите предупредуваат – швајцарските глечери брзо се топат

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Швајцарските глечери изгубиле 10 отсто од својот волумен во последните две години, исто колку и помеѓу 1960 и 1990 година, покажува студијата објавена денес.Топењето на глечерите е последица на екстремните временски услови влошени од климатските промени.

Малку снег во зима и многу високи температури во лето одзеле 10 отсто од волуменот на глечерот во текот на 2022 и 2023 година, открил тим експерти што ја проучувале криосферата од Швајцарската академија за природни науки.

Нивниот заклучок е јасен: глечерите во Швајцарија се топат побрзо и побрзо.

По губењето на шест отсто од својот волумен во 2022 година, при што беше забележано најголемото топење до сега, оваа година обемот на мразот се намали за уште четири отсто.

Ова е втор најголем пад од почетокот на мерењето.

Топењето на глечерите ја зафати целата територија на Швајцарија, која се смета за водена кула на Европа со 1.400 глечери кои хранат бројни езера и реки.

Share This Article