More

    Експерти: Руската пропаганда влијаеше на епидемијата на ХИВ и на бројот на смртни случаи

    spot_img

    Растечкото руско влијание во Источна Европа и Централна Азија ја влоши епидемијата на ХИВ, заклучија здравствените експерти, а пренесува Гардијан.

    Бројот на новозаразени со ХИВ во Источна Европа и Централна Азија е зголемен за 20 отсто од 2010 година, додека стапката на смртност од СИДА е зголемена за 34 отсто, што е највисока стапка на раст во целиот свет, пишува Гардијан.

    Најголем број новозаразени има во популацијата која е веќе изложена на ризик: интравенозни корисници на дрога, сексуални работници, геј мажи и нивните сексуални партнери.

    Напорите да се подобри третманот и да се спречат нови случаи на инфекција се попречени од руската пропаганда која ги таргетира услугите кои обезбедуваат опиоидна терапија како замена за лековите кои се земаат интравенски, како и ЛГБТК+ заедницата, пишува британскиот весник.

    Некои земји донесоа закони за „странски агенти“, по моделот на руското законодавство. Овие закони бараат хуманитарните и невладините организации, кои се финансираат од странство, да се регистрираат по посебна процедура и се предмет на посебна контрола и мониторинг. Ова предизвика затворање на некои хуманитарни организации, беше кажано на 25-тата меѓународна конференција за СИДА.

    Францускиот лекар и експерт за СИДА Мишел Казачкин, кој е и специјален советник на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, рече дека влијанието на Русија во земјите околу неа е „јасно и расте“ и вклучува финансирање на безбедносните служби и министерствата за внатрешни работи. Тој посочи дека во тие земји се врши „забрзана русификација“.

    Казачкин додаде дека законите и политиките во многу земји од горенаведените региони станаа пречка што ги спречува сексуалните работници, зависниците од дрога и истополовите парови да добијат здравствена заштита. Причината е што овие групи често се криминализираат, објасни францускиот лекар.

    Тој го искористи примерот на Казахстан за да ги објасни штетните ефекти на руската пропаганда. Како што рече, во таа земја е речиси целосно укината програмата за заместителна терапија со опиоиди.

    Францускиот стручњак беше дел од делегацијата која се сретна со претседателот на Казахстан, со цел да влијае на продолжување на програмата за супституциона терапија.

    „Претседателот ни рече дека од некои слушнал дека програмата е ефикасна, безбедна и поврзана со западниот свет, додека од други слушнал, без да прецизира од кого, дека програмата е бескорисна, дека одржува популација на зависници од дрога, и дека е против традиционалните и националните вредности. Слушна и дека треба да се бори против програмата и додаде дека тоа се две спротивставени сили“, рече Казачкин.

    Наталија Никитенко, поранешен пратеник во Парламентот на Казахстан и член на Комисијата за дроги на Источна и Централна Европа и Централна Азија, рече дека многу централноазиски земји имаат голем број луѓе кои работат во Русија. Оние кои се ХИВ позитивни, или кои користат дроги, се плашат да донесат терапија со себе од страв од можна депортација од Русија.

    Во Украина, по прекинот предизвикан од руската инвазија, националната програма за заштита од ХИВ продолжи да обезбедува услуги и бројот на лица на лекување почна повторно да расте.

    Андреј Клепиков, извршен директор на украинската хуманитарна организација Алијанса за јавно здравје, рече дека биле принудени да заземат поширок хуманитарен пристап отколку пред војната.

    „Ако некој бара храна, не можам да му кажам: Извинете, имам само кондоми да ви дадам“, вели Клепиков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img