More

    Експерти од Телеком потврдија дека системот не можел да „шпионира“ кои броеви се прислушуваат ако не му се нареди – кој го правел тоа и зошто?

    spot_img

    Истиот Закон за следење на комуникации не важел подеднакво за грчките и за германските сопственици на телекомуникациските оператори ОНЕ и Т-хоум. Грчките газди и менаџери, во тоа време се уште „на власт“ во компанијата, сами си го толкувале законот и преземале дејствија надвор спротивни на законот. Истата опрема за прислушување кај Грците генерирала датотеки со следени комуникации, додека кај Германците не генерирала – ништо. Како е тоа можно?

    Ова се двете дилеми коишто се отворија од новото продолжување на предметот „Таргет-тврдина“, откако истиот беше вратен од Апелација, со напатствија да се утврдат точно сите детали околу прислушувањето и да се разграничи кој број од каде бил следен. Освен фактот дека новите сознанија фрлаат сомнежи врз целата конструкција околу вината што им се става на товар на обвинетите, во прашање е доведена и целата приказна за прислушувањето, на начин како што беше обелоденета во 2015 година и која доведе до политички земјотрес и до пад на владата на ВМРО-ДПМНЕ две години подоцна.

    Македонски телеком не чувал фајлови и логови, законот тоа не го дозволува

    Васил Костов, кој бил вработен како администратор на код мрежата на Македонски телеком, на вчерашното сведочење посочи дека опремата на Македонски телеком, без никакви додатоци, на него не му овозможувала никаков увид во телефонските броеви коишто МВР ги таргетирало преку нивната централа.

    На вкрстено прашање на одбраната, тој потврди дека во нивната централа не се зачувувале фајлови и логови од судските наредби кои ги спроведувало МВР преку медијациската опрема.

    – Командите за пресретнување на разговори не оставаат запис на системите кои што ние ги администриравме – сведочеше Костов, според кого ниту со обична скрипта не можело да се извадат логови, односно да се архивираат логовите од МВР.

    Сведокот не посочи дека никој од сопствениците на операторот издал наредба за да се изготви програма која би ги следела институциите во спроведувањето на безбедносни мерки, а уште помалку да се креираат датотеки со ваквите податоци и истите да се проследуваат.

    Во тој период и Телеком и ОНЕ за мобилната телефонија користеле опрема, односно централа, од производителот Ериксон. Иако е очекувано двата оператори да имале централи од иста генерација, сведокот не можеше да каже со каква опрема и каква функционалност располагале во ОНЕ.

    Сепак зачудува самиот факт што при ист закон, опрема од ист производител, грчките сопственици во секој момент имале увид во сите наредби за следење на комуникациите, а Телеком ја немал таа можност.

    Ќе одговори ли некој зошто ОНЕ си дозволил да го „шпионира“ прислушувањето?

    Плусинфо веќе пишуваше дека без никакво знаење на судот, на Јавното обвинителство или на МВР, мобилниот оператор ОНЕ следел што работат државните институции, водел архива и истата ја проследувал до лица кои немаат безбедносни сертификати за контакт со таков тип на информации и до странци.

    На претходните рочишта слушнавме и дека ОНЕ внел во системот посебна програма, со која што ќе ја следи работата на државните институции. Тоа, според нивните вработени, било направено не по законот, туку по устна наредба на претпоставените, кои биле грчки државјани.

    Од вработените во ОНЕ се слушна и дека теоретски можело и од таму да се вклучуваат броеви за прислушување, но тие немаат информации дека тоа било правено и покрај огромната разлика во бројот на телефони за кои ОЈО велеше дека се следени (околу 26.000) и бројот на телефони што се бришеле и е вклучувале во медијациските уреди на МВР на крајот на годината ( околу 300).

    Накусо, ниту е јасно како можела „тврдината“ да биде така лесно пробиена, ниту е докажано колку „таргети“ реално биле цел на законско или незаконско прислушување.

    Сведок на обвинителството бара да му се каже што кажал пред 3 години, за пак да го каже истото?!

    „Таргет-Тврдина“ е предмет во кој станува збор за специфична и тешка материја, со многу технички детали кои се важни и кои треба да се разјаснат. При повторното судење, откако претходно Апелација го врати назад предметот поради суштествени повреди на постапката и лошо утврдена фактичка состојба, има нов судија (Илија Трпков) и нов судечки совет.

    Зачудувачки е што судијата Трпков и натаму останува на тактиката дека ниту тој ниту советот, немаат потреба да ги сослушаат сведоците на Јавното обвинителство, лично и во директно испитување. Насоката добиена од Апелација е доколку постојат аргументи, треба да се понудат и нови докази. Но, барем во досегашните рочишта, обвинителството не се труди да донесе во судница нешто различно од она што беше слушнато во првиот процес, кој заврши со осудителната пресуда што падна „како круша“.

    Единственото прашање на ЈО до сведоците во повторениот процес гласи: „Дали останувате на исказот даден на датум… “. Сега само одбраната на обвинетите, иако теоретски би можела да биде „мирна“ доколку нема ништо ново во прилог на обвинението, се обидува во вкрстено испитување да дознае нешто повеќе од сведоците, за да се расветли вистината за незаконското прислушување.

    Куриозитет, во таа смисла, вчера беше беше и сведочењето на вториот сведок повикан од Јавното обвинителство, кој на вкрстените прашања на одбраната, наместо да одговара, бараше да му се прочита што кажал пред три години, за да не „избегал“ од претходниот исказ и сега да го повтори истото. Тоа јасно зборува за тактиката на Обвинителството, а можеби и на Судот, која, ете, не можат да ја следат и самите сведоци, кои веќе не се ни сеќаваат што кажале пред три години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img