More

    Експерите ги предупредија организатиорите да се подготват за голем ризик

    spot_img

    Финска компанија за кибер безбедност очекува Олимписките игри во Париз да бидат предмет на голем број кибер напади, особено од руски хакерски групи, се вели во студијата објавена денеска, јави ДПА.

    Експертите од финската компанија за кибер безбедност WithSecure изјавија дека организаторите на овогодинешните ЛОИ во Париз треба да се подготват за поголем ризик од кибер напади од претходните изданија „поради геополитичките превирања“.

    Во својот извештај, компанијата ја посочи Русија како најверојатен извор на кибер напади, при што експертите тврдат дека идентификувале три групи кои имаат намера да го нарушат нормалното одвивање на игрите – групи спонзорирани од Москва, приватни хакерски активисти и обични кибер-криминалци.

    На руските и белоруските спортисти им е дозволено да се натпреваруваат на Олимпијадата во Париз само под неутрално знаме поради војната на Москва во Украина. Тие исто така се исклучени од учество на свеченото отворање и не смеат да имаат никаква поврзаност со војската, напомена ДПА.

    WithSecure исто така гледа зголемен ризик од кибер напади од хакери од Кина, Северна Кореја и Иран. Експертите ги посочуваат хакерските групи и организираните кибер-криминалци надвор од Русија како потенцијален фактор на ризик. Главната цел на напаѓачите ќе биде да се пробијат во мрежите на организаторите за да ги шифрираат податоците и да го нарушат одржувањето на настанот, велат експертите.

    Според студијата, основните мрежи на Олимпијадата се добро заштитени од кибер напади, што значи дека ризикот од прекин е низок до умерен.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img