More

    Експедицијата на ДПС Лисец – Штип „АРАРАТ 2023“ составена од четворица планинари го освои највисокиот врв во Република Турција од 5.137 надморска височина

    spot_img

    Експедицијата на ДПС Лисец – Штип „АРАРАТ 2023“ составена од четворица планинари го освои највисокиот врв во Република Турција од 5.137 надморска височина.

    Трајче Алексов, Билјана Спаскова, Милорад Ангелов и Тоше Ристов се членовите на ДПС Лисец кои учествуваа во експедицијата.

    Планинарот Милорад Ангелов во писменото соопштение до медиумите вели дека на 19 јули во 06.25 часот по локално време го освоиле највискиот врв во Турција „Арарт“ (Agri Dagi) 5.137 мнв и со тоа станаа првата штипска-планинарска експедиција која го искачи овој врв.

    „Воедно ова се меѓу првите членови на ДПС Лисец во неговото 70-годишно постоење на кои им успеа ова. Искачувањето траеше 5 дена во тешки временски услови од темпертурна разлика од + 36 до до -25 степени на самиот врв и ветер од 40 км на час. Искачувањето се одвиваше во неколку етапи и базни логори“, објаснува Ангелов.

    Тој посочува дека ова е голем успех на ДПС- Лисец, градот Штип и за македонското планинарство. Во моментот експедицијата се наоѓа на безбедно во градот Догубајзит.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img