More

    ЕКСКЛУЗИВНО: ВРХОВЕН СУДИЈА ФАТЕН СО 10.000 ЕВРА МИТО!Се чека одлука од Судски совет за одземање на имунитетот!!!

    spot_img

    Полициски извори за Телма потврдија дека денеска со истрага бил опфатен врховен судија поради сомнеж за барање мито и за поткуп.Според ТВ Алфа,станува збор за судијата Наќе Георгиев,за кого сомнежот неофицијално е дека тој ветувал олеснителни мерки во судската постапка која се води против екс градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев кој беше повторно уапсен, овој пат за шверц на марихуана.

    Според информациите на Телма, судијата бил фатен со 10.000 евра. Во моментот се во тек активности поврзани со судскиот имунитет.

    За имунитетот на судиите е задолжен Судскиот совет, а при истраги за судии, сите мерки кои се бараат од страна на надлежните органи за истражување треба да бидат одобрени од Судскиот Совет кој треба да биде известен за тоа.

    Според последните информации станува збор за судија со иницијали Н.Г. Од обвинителството за Телма кратко одговорија дека немаат информации. Истрагата за случајот ја спроведува МВР.

    МВРизлезе со свое соопштение во кое се вели:

    Денеска (20.05.2024) лишен од слобода е судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело ,,Примање награда за против законито влијание”. Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img