ЕКСКЛУЗИВНО:АКЦИЈАТА „СИНЏИР“ ПРОДОЛЖУВА ,ДЕЛ ОД ОСУМНИЧЕНИТЕ ИМАЛЕ „КРТОВИ“ ВО МВР И ЈО КОЈ ГИ ИНФОРИРАЛЕ ЗА АКЦИЈАТА!!

Saso
By Saso 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Акција „Синџир“во која беа опфатени 28 фирми ,осумничени переле пари и затајување данок,а кој наводно испрале над седум милиони евра,влегува во „трето“ полувреме ,дознава редакцијата Охридскај.

Во новата акција „Синџир“,поведена е  истражна постапка против 26 сопственици и управители на 28 правни лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од чл.394, Даночно затајување од чл.279 и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик.

Доколку се следат состојбите повнимателно и се оди 3 години наназад , еден од осумничените во акцијата „Синџир“ кој е во бегство и е прво осомничен од Неготино ,извесно лице со прекар В’чето, беше опфатен за истотите дела и пред три години,а од пред една година е во бегство во Р.Германија.

Во бегство се уште две лица од Охрид ,лицата  Ј.К.,сопственик на Хотел во Охрид и битолчанецот со охридско потекло С.Ч,како и дваца  други охруигани кој биле дел од синџирот управители на фирмите на С.Ч. то се лицата – браќа М.Г и Д.Г. од Охрид.

МНОГУ МИЛИОНСКИ КРИМИНАЛИ ,СЛАБИ ЗАВРШНИЦИ…

МВР и ЈО за гонење на организиран криминал ,овој пат со слаб брифинг за спроведената акција, нема имина на фирми кој затајувале даноци во соопштенијата на МВР,нема видео презентиран материјал од акциите ,што до сега било редовна пракса,или све  протекло далеку од очи и уши на јавноста,која дозна од написите на порталот Охридскај ,секако прваобјавена вест.

Информациите до кој дојде редакцијата Охридскај, говорат ,дека акцијата „Синџир“ продолжува со нови моменти и истата не е затворена и токму од тие причини МВР и ЈО биле шкрти во давањето на информации за јавноста.Според изворите на Охридскај , во Синџир недостасуваат уште 11 фирми и над 30 осумничени лица или вкупната сума на пари со којби бил оштетен буџетот на граѓаните на Македонија би била повеќе од 30 ИЛИОНИ ЕВРА.

КОЈ И ЗА КАКВА ЦЕЛ ЈА ПРОВАЛИЛ АКЦИЈАТА?!

Бегството на одредени осумничени во акцијата „Синџир“ воопшто не бил случаен,говори истиот извор за Охридскај. Според него некој од ЈО за гонење на организиран криминал или од МВР ги известил лицата Ј.К и С.Ч,кој експресно ја напуштаат Македонија,едниот преку ГП Меџитлија најнапред оди за Грција  па преку Бугарија бил лоциран од други служби во Београд Р.Србија, додека другиот ја напушта Македонија преку ГП Чафасан.И во двата случаеви би било интересен моментот според нашиот извор ,дека ниту лицето С.Ч ,а ниту лицето Ј.К,не се заведени на македонската полициска гранична контрола,а според истиот извор биле заведени на грчка и на албанска гранична полициска контрола, што дополнително фрла сенка на можен орган изиран државен премин на границта на РСМ спрема Грција и Албанија со полициска асистенција од некој припадник на МВР?!

- Advertisement -
Ad image
Share This Article