Екс-министерот Димитров резигниран од состојбите во земјава

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Мене ми е фрапантно што имаат полна уста со Европската Унија, а првиот и основен столб на европската интеграција е расчистување со корупцијата. Груевски мавташе со македонско знаме да ја прикрие корупцијата, оваа власт мавта со европско знаме за да го прави истото – рече поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров во гостување на Студио 10 на ТВ 24.

– Кај нас политичката динамика на нештата е како серија на Нетфликс во која режисерот претерал оти се случуваат неверојатни нешта. Ние имаме влада која дојде на власт со мото „Нема правда нема мир“. Поранешниот премиер избега во Унгарија, па сега имаме ситуација која претставниците на оваа влада го споменуваат неговото враќање – што не е проблем, проблем е неказнивоста. СЈО пропадна, потоа се измени Кривичниот законик па вчера мајката-случај застари, тоа е случајот со прислушувањето. Имаме тажен крај на надежта на граѓанската иницијатива која требаше да донесе подобро – рече Димитров.

Тој цитира колумна во Алгемајне цајтунг насловена „Корупција во име на ЕУ“. Според него, немаме друга опција освен да притискаме за промени оти со обична промена на власта се менуват само имињата, а не и состојбите, значи системот мора да се промени и да се темели на способност, а не на партиска припадност. Димитров потенцира дека судството мора да се исчисти од партиски влијанија.

Share This Article