ЕК: Да се обезбеди фер и транспрарентен процес на избор на судии и обвинители

Lorita
By Lorita 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Европската комисија во најновиот Извештај за напредокот на земјава, оценува дека земјава има постигнато одреден напредок во делот на функционирањето на судството, преку стабилно спроведување на стратегијата за реформи во правосудството, со што дополнително се адресираат препораките дадени од Венецијанската комисија и Групата на високи експерти за системски прашања за владеење на правото и оценува дека судскиот систем  е умерено подготвен, односно земјата има постигнато одреден степен на подготовка.

Судството, според ЕК ја покажа својата посветеност да го заштити својот интегритет и независност.

„Подготовката на новата стратегија за реформи во правосудството започна на инклузивен начин, врз основа на научените лекции од претходната. Спроведувањето на ажурираниот акционен план за стратегијата за реформи во правосудството продолжи, но треба да стане посистематски“, се оценува во извештајот на ЕК.

ЕК, исто така, нагласува дека треба да се засили темпото на имплементација на стратегиите за човечки ресурси за судството и обвинителството.

„Судските институции доследно ги спроведуваат новите правила за именување, унапредување, дисциплина и разрешување на судии и обвинители. Унапредувањето во повисоките судови се соочи со одложување, а пензионирањата дополнително го намалија бројот на судии и обвинители“, се нагласува во извештајот на ЕК.

Судскиот совет и Советот на јавните обвинители продолжија со спроведување на стратешките планови.

„Секој нов Предлог-закон за Академијата за судии и јавни обвинители треба да ја задржи Академијата како единствена влезна точка во судството и обвинителството и треба да обезбеди пристапот до овие професии да биде фер и транспарентен“, нагласува ЕК во најновиот извештај.

ЕК, исто така, нагласува дека се работеи на надградба на софтверскиот систем со цел да се применат одредбите од Законот за управување со тек на предмети за автоматска и случајна распределба на предметите во судовите, преку автоматизираниот информациски систем за управување со судски предмети (ACCMIS).

Во наредната година, ЕК оценува дека земјата треба:

- Advertisement -
Ad image
  •  да заврши со спроведувањето на стратегијата за реформи во правосудството и ажурираниот акциски план, со специфичен фокус на донесување нов закон за парнична постапка, во согласност со европските стандарди и без одлагање да започне подготовка на новата стратегија за реформи во судството (за 2023-2027 година);
  • да се забрза имплементацијата на стратегиите за човечки ресурси за правосудството и јавно обвинителската мрежа и да се користат како индикатор за предвидување на претстојните вработувања;
  • сите потребни ресурси да се распоредат за да се осигури дека автоматизираниот информациски систем за управување со судски предмети (ACCMIS) е целосно функционален и компатибилен со новата мерка за сложеност на судските случаи и со методот за оценување на судии и претседатели на судови.

Поконкретно, Европската комисија во делот на стратешките документи, посочува дека забелешките од извештајот за имплементацијата на Стратегијата за реформи во судството (2017-2022) треба да бидат вклучени во подготовката на стратегијата за периодот 2023-2027 година.

ЕК, во извештајот оценува дека во Собранието се чекаат неколку законски решенија, меѓу кои и новиот предлог-закон за парнична постапка, како и дека е постигнат ограничен напредок во спроведувањето на стратегиите за управување со човечки ресурси во судовите и во јавните обвинителства.

Во делот на управните органи, ЕК нагласува дека Судскиот совет треба да ја зајакне својата улога како чувар на независноста и непристрасноста на судиите и да ја подобри својата транспарентност, додека Советот на јавни обвинители треба да дава образложение за своите одлуки и да обезбеди редовен пристап на медиумите до неговите седници, што не беше секогаш можно поради ограничениот простор и важечките ограничувања поради ковид пандемијата.

- Advertisement -
Ad image

Во делот на независноста и непристрасноста, ЕК оценува дека судската независност е вградена во Уставот, но и нагласува дека е важно да се осигура дека судството е заштитено од каков било ризик или перцепција на несоодветно надворешно мешање.

ЕК во делот на одговорност, оценува дека од јуни 2020 година, Судскиот совет разреши шест судии, а Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на главниот обвинител за разрешување на еден обвинител. Генерално, причината посочена за ваквите отпуштања беше поврзана со непрофесионално работење. Судскиот совет изрече писмена опомена на еден судија и казни претседател и судија.

Во однос на професионалноста и компетентноста, ЕК во извештајот оценува дека Судскиот совет почна да ја применува новата методологија за професионално оценување за именувањата и унапредувањата со одлуки за 97 кандидати за судии и четворица за претседатели на судови.

ЕК во делот на квалитетот на правдата, посочува дека е важно секој нов закон за Академијата за судии и обвинители да ја задржи Академијата како единствена влезна точка во судството и обвинителството, но и дека е особено важно да се скрати почетната обука. Врховниот суд и четирите апелациони судови продолжија со своите напори за подобрување на доследноста на пресудите и за усогласување на судските практики.

Во Извештајот на ЕК се посочува дека имаме повеќе судии, а помалку обвинители од европскиот просек. На крајот на 2021 година имало 473 судии, (26 на 100.000 жители) 61 отсто женски судии и 170 обвинители (девет на 100.000 жители), 55 отсто женски обвинители, помалку отколку во 2020 година. Според Европската комисија за ефикасност на Правда (ЦЕПЕЈ), европските просеци се 21 судија и 12 обвинители на 100.000 жители.

ЕК, нагласува дека е од суштинско значење да се забрза имплементацијата на стратегиите за човечки ресурси за судовите и јавните обвинителства и однапред да се планираат потребите за персонал.

Советот за дигитализација во правосудството, се вели во Извештајот на ЕК, ја интензивираше работата за спроведување на ИТ стратегијата, посочувајќи дека пет пилот судови добија ИТ опрема обезбедена од странски донатори, но дека регрутирањето на дополнителен ИТ кадар зависи од нудење работни услови кои се конкурентни на оние во приватниот сектор.

ЕК, меѓу другото, посочува дека е потребно да се работи на континуирано промовирање на медијацијата и употребата на други алтернативни методи за решавање спорови, вклучително и преку соодветните совети, Академијата за судии и јавни обвинители и Здружението на судии.

Во делот на ефикасноста, ЕК во Извештајот оценува дека поголемиот дел од судовите го продолжија позитивниот тренд на задржување на стапката на завршени случаи од 100 и повеќе проценти, со исклучок на административни предмети со 86,56 отсто во првостепена и 111,01 проценти во жалба за истите предмети.

ЕК, исто така, посочува дека не се направени напори да се адресираат препораките на Венецијанската комисија за преиспитување на одредбите од Законот за употреба на јазиците поврзани со двојазичноста во судските постапки.

Share This Article